Peugeot 3008 SUV - „Автомобил на годината за 2017“

Peugeot 3008 SUV - „Автомобил на годината за 2017“

Автомобил на годината за 2017

Новиот Peugeot 3008 беше прогласен за „Автомобил на годината за 2017“ во понеделникот 6 март во Женева од страна на жирито кое е составено од 58 европски новинари. Жирито го награди неговиот стил, внатрешниот дизајн и перформансите. Оваа престижна награда се приклучи на дваесет други награди кои веќе ги доби новиот Peugeot 3008. Ова возило е петто по ред возило на PEUGEOT кое ја добива наградата Автомобил на годината и првиот SUV во историјата кој го добива “COTY” признанието.

Автомобил на годината 2017: новиот Peugeot 3008 SUV пристигна точно на време!
Креиран за најпребирливите, кои сакаат да се истакнат и доживеат нови искуства, со цел да постане голем фаворит во компактната SUV категорија. Новиот Peugeot 3008 нуди уникатна комбинација на стил, удобност и управување со патот.
Спектакуларниот PEUGEOT i-Cockpit® е состојба на уметност и дава сосема ново чувство кога се наоѓате на возачкото седиште. Тој нуди повеќе интуитивно и интензивно искуство на возење, со компактен управувач, 12,3" Head-Up дисплеј (дисплеј во висина на погледот) и централната конзола со кондезирачки екран осетлив на допир со ергономски пијано копчиња за комплетен изглед. Новиот Peugeot 3008, исто така нуди голем број на помагала за возење и друга високо-технолошка опрема, како и стабилна поврзаност.

Во Европа, речиси 100.000 корисници веќе имаат направено нарачки. 84% избраа Allure ниво, GT линија или GT завршна обработка, придонесувајќи во надградбата на брендот. Произведен во Sochaux, ја доби етикетата на потекло од Франција – “Origine France Garantie”. Peugeot ја доби наградата автомобил на годината по втор пат во три години. Новиот PEUGEOT 3008 е првиот SUV добитник од создавањето на трофејот во 1964. Исто така е петто PEUGEOT возило со награда Автомобил на годината, по 308 во 2014, 307 во 2002, 405 во 1988 и 504 во 1969.

Наградата „Автомобил на годината“ се доделува од страна на жири кое се состои од 58 искусни новинари од 22 земји. Триесет модели се натпреваруваa од почетокот на 2016 година. На 6 март 2017 година, во пресрет на саемот во Женева, новиот Peugeot 3008 ја освои наградата во текот на финалното гласање.

"Јас сум особено горд и многу задоволен што новиот Peugeot 3008 штотуку ја освои наградата „Автомобил на година 2017“. Овој трофеј е кулминација на пет години посветена работа од страна на екипите на брендот и нашата група. Изјави:Jean-Philippe Imparato извршен директор на брендот Peugeot.

Стимулирањето и наградувањето на возењето, елегантниот дизајн и бескомпромисниот квалитет ја сочинуваат посветеноста на брендот кон своите клиенти и придонесуваат кон интензивирање на емоциите, кои секој модел на Peugeot ги предизвикува. Функционира во речиси 160 земји со повеќе од 10.000 продажни места, во 2016 Peugeot ја зголеми својата продажба за 12,3% со што е постигната бројка од 1.919.460 продадени возила во светот. Peugeot ги комбинира строгите стандарди, привлечноста и емоциите, со цел да биде на врвот на гамата на глобално ниво. Почнувајќи во 1889 година, автомобилската историја на брендот е дополнително збогатена оваа година од страна на најновата победа на патеките на Дакар, со 1-2-3 финиш со новиот Peugeot 3008 DKR.