I, II и III место за Peugeot 3008DKR на релито Дакар 2017

I, II и III место за Peugeot 3008DKR на релито Дакар 2017

Прво, второ и трето место за Peugeot 3008DKR на релито Дакар 2017

По поминати речиси 9.000 километри низ Парагвај, Боливија и Аргентина, трите нови PEUGEOT 3008DKR со нивните возачи Петерхансел / Котре,Лоеб / Елена и Деспре / Кастера го завршија релито Дакар 2017 по овој редослед и со тоа се најдоа во првите три на конечниот подиумот во Буенос Аирес во Аргентина. Оваа тројна историска победа со веќе шест освоени победи го носи PEUGEOT на овој славен натпревар во идеално време кое се совпаѓа со лансирањето на новиот Peugeot 3008 SUV, низ светот.

СИНА, БЕЛА, ЦРВЕНА

Триесет години по својата прва победа на Дакар рели во 1987, Peugeot уште еднаш ги покажа своите француски вештини со завземање на првите три места на овогодинешниот рели во Јужна Америка. Зад управувачот на PEUGEOT -3008DKR, најуспешната екипа во историјата, Петерхансел / Котре ја доведе француската тробојка на врвот, преминувајќи неколку фази на голема надморска височина, со навигацијата со помош на "Книги на патишта" и по многу лоши временски услови. Овогодишното рели бележи и бројни промени на возачите.

НОВ РЕКОРД ЗА СТЕФАН „ГОСПОДИН DAKAR“ ПЕТЕРХАНСЕЛ

Број 13 се смета за број кој носи лоша среќа, а ретки се оние кои се осмелуваат да кажат дека овој број им е среќен број.
Сепак, Стефан Петерхансел може да се приклучи на клубот на среќници, бидејќи сега го обори личниот рекорд од 13 победи (6 на мотори и 7 со автомобили) на релито Дакар. Стефан Петерхансел и Жан-Пол Корте завршиjа речиси совршена трка овој пат, со што стигнаа до седмиот заеднички успех, дозволувајќи му на Жан Пол да оствари нов рекорд за победи како ко-пилот.

ШАМПИОНИ КОИ БРЗО УЧАТ

Со своето второ појавување на релито, дуото Себастијан Лоеб / Даниел Елена импресионираше со неговото напредување, докажувајќи се како најбрз тим кој во исто време владее со ритамот на трката и навигација. Дефектот на моторот за време на четвртата фаза за жал ги чини 26 минути, што се одрази во конечниот резултат. Ова дуо ја заврши трката по втор пат по ред како најбрзо со 5 победи (5/10).

ПРВ ПОДИУМ НА ДАКАР НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

По седмата позиција што ја завземаа минатата година, Кирил Деспре и Дејвид Кастера, повторно доживеаа да се најдат на победничкиот подиумот, но за прв пат на четири тркала (Кирил веќе има 5 победи со мотори, додека Давид го освои третото место). Екипата бр.307 Peugeot 3008DKR исто така, ја забележа својата прва победа со автомобил на Дакар и се качи на врвот и беше привремен лидер на четвртата вечер, по еден од најселективните фази. Овој факт ја потврдува неоспорната сила на францускиот пар.

ДОСТОЕН НАСЛЕДНИК

PEUGEOT 3008DKR, успешен наследник на минатогодишниот победник, на Peugeot 2008DKR не остана незабележан со своето влегување на патеката. Во однос на конкурентските возила на четири тркала, 3008DKR со погон на две тркала ја покажа вредноста на техничката конфигурација избрана од страна на тимот на Peugeot Total. И покрај неповолните промени во прописите, работа што е направена во последниве неколку месеци на моторот и суспензијата роди плод. Во исто време, превземањето на каросеријата PEUGEOT-a 3008 SUV овозможи придонес во аеродинамиката, која доведе до развој на голема брзина.

СОЛИДЕН ДАКАР РЕКОРД

Тимот на Peugeot Total, кој ги завзема првите три места ја збогатува веќе импресивната листа на PEUGEOT победник на Дакар. Тоа е шеста победа на брендот Peugeot во овој натпревар со седум учесници и нивна втора победа во првите три.