Дакар 2018: трета последователна победа за Peugeot

По 8793 километри на дини, планински премини, карпести стази и разни опасности преку Перу, Боливија и Аргентина, екипата на Carlos Sainz / Lucas Cruz му дадоа на Peugeot 3008DKR Maxi прекрасна победа на 40-тото Дакар рели.

Победата на Sainz значи и трета последователна победа за Peugeot тимот. За жал, францускиот тим веќе објави дека ова ќе биде последен настап на Dakar. „Peugeot веќе имаат две победи, но мислам дека ја заслуживме оваа, бидејќи вложивме многу напор во автомобилот“ – изјави Sainz, и додаде – „имавме добри и лоши моменти, но секогаш го давав максимумот. Особено во ова рели, беше навистина тешко. На почетокот реков дека ќе бидеме повнимателни, но Peugeot рече дека мораме да одиме со полн гас. На почетокот буткавме силно, а потоа само требаше да не правиме грешки.“

Патот на 40-то издание на Дакар се покажа како особено тежок од механичка страна. По овој тежок тест за издржливост од скоро 9.000 километри, не само што Peugeot 3008DKR Maxi освои седум од 13 етапи, туку покажа и извонредна сигурност.

Овогодинешната победа на Тимот PEUGEOT Total го заврши веќе впечатливиот успех на Peugeot на релито Дакар и е нивна седма победа од осум обиди!

Еве еден брз потсетник за сè што Peugeot постигна на Дакар:
1987: Победа за Vatanen / Girouk (205 Т16 Grand Raid)
1988: Победа за Kankkunen / Piironen (205 T16 Grand Raid)
1989: 1-2 за Vatanen/Berglund и Ickx/Tarin (405 Т16 Grand Raid)
1990: 1-2-3 за Vatanen / Berglund, Valdegard / Fenouil (двата 405 Т16 Grand Raid), Ambrosino/Baumgartner (205 Т16 Grand Raid)
2016: Победа за Peterhansel/Cottret (2008DKR)
2017: 1-2-3 за Peterhansel/Cottret, Loeb/Elena и Despres/Castera (3008 DKR)
2018: Победа за Sainz/Cruz (3008DKR Maxi).

Овој трет последователен успех на тимот на PEUGEOT Total на најтешкото рели во светот го одразува комерцијалниот успех на Peugeot 3008 SUV, кој беше прогласен за "Автомобил на годината" во 2017 година.