SUV 3008

SUV 3008

МОТОРИ

МОТОРИ 1
МОТОРИ 2

Треба да го истражуваме светот, но, исто така, да го почитуваме со користење на еколошки ефикасни технологии. Платформата EMP2 е комбинирана со високи перформанси на PureTech и BlueHDi мотори, како и EAT6 автоматски менувач, за да Peugeot 3008 биде еден од најефикасните SUV возила во својата класа.

ИНОВАТИВНА КАРАКТЕРИСТИКА

ИНОВАТИВНА КАРАКТЕРИСТИКА

Дали рацете Ви се зафатени? Благодарение на паметната hands-free задна вратаi, на возилото, може сама да се отвори и затвори, за да овозможи безгрижно товарење. Само придвижете ја ногата под браникот за да ја активирате функцијата... И направете си го животот полесен.

ПОВТОРНО ОТКРИЕНА МОБИЛНОСТ

Пионерите на PEUGEOT за иновативни решенија за урбана мобилност повторно ја изненадија индустријата со два нови електрични уреди: PEUGEOT и Micro e-Kick скутер и e-Bike од PEUGEOT. Совршени партнери за Вашиот PEUGEOT, тие се единствени и еколошки одговорни решенија што функционираат целосно околу вас, овозможувајќи Ви да ги поминете последните неколку километри на секое патување. Овие нови уреди за мобилност умно се вклопуваат во рамките на DockStationi, па можете да ги чувате на безбедно место во багажниот простор и да ги полнитеi нивните батерии кога возилото се движи.

ПНЕВМАТИЦИ MICHELIN

ПНЕВМАТИЦИ MICHELIN 1
ПНЕВМАТИЦИ MICHELIN 2

За Peugeot 3008, Мишелин го разви пневматикот slimline Primacy 3 кој ја комбинира естетската корист на големото 19" тркало со многу висок степен на енергетска ефикасност, со што се намалува потрошувачката на гориво и ги намалува емисиите на издувни гасови од возилото.

ОСВЕТЛУВАЊЕ

Peugeot 3008 има елегантни предни светла со црни и хромирани лајсни, што уште повеќе го нагласуваат модерниот, мачкаст изглед на SUV. Овие светла вклучуваат LED дневни светла и бленда со светла за Full LEDi дефиниција.

3D ефектот на LED светлата во вид на канџа на задниот дел од возилото веднаш оставаат впечаток. Овие светла се видливи преку ден и во текот на ноќта и на Peugeot 3008 му даваат моќен идентитет и импресивно присуство на патот.