308

НОВ 308

Редизајнирано компактно возило, PEUGEOT 308 ги има сите докажани квалитети за незаборавно искуство во возењето.

НОВИОТ 308, ЕДИНСТВЕН ДИЗАЈН

НОВ 308 1

КАРАКТЕР И ПЕРФОРМАНСИ

Острите линии и робустниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Новиот Peugeot 308 не е исклучок, и надворешно и внатрешно, посветено e внимание на секој детал. Прикажувајќи го најновиот дизајн на Peugeot, новиот 308 веднаш привлекува сечие внимание. Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го инкорпорира исконското лого на Peugeot брендот. За понатамошно надополнување на подобрениот дизајн, на располагање е и новиот светлосен потпис на светлата на предните фарови и опциите за алуминиумски наплатки.

peugeot-308-2017-442-fr.287282.jpg

PEUGEOT i-COCKPIT®, ЗА УШТЕ ПОДОБРО ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

Креиран по најновите стандарди, ентериерот на возилото, PEUGEOT i-Cockpit®, се одлика на гамата на новиот Peugeot 308. Филозофијата на PEUGEOT i-Cockpit® се фокусира на возењето кое ве става во целосна контрола, овозможувајќи поголемо држење на патот. Клучни елементи за ова се компактниот мултифункционален управувач кој дава зголемено чувство на агилност, инструмент-таблата во висина на погледот што ги дава клучните информации за патот и 9,7-инчниот капацитивен екран осетлив на допир со осетливост на ниво на паметен телефон.

НОВИОТ 308 GT LINE, СПОРТСКИ ДИЗАЈН

НОВ 308 GT LINE, СПОРТСКИ ДИЗАЈН 1 1
НОВ 308 GT LINE, СПОРТСКИ ДИЗАЈН 1 2
НОВ 308 GT LINE, СПОРТСКИ ДИЗАЈН 1 3

СТИЛ ШТО СЕ РАЗЛИКУВА

Со задебелени, чисти линии, впечатлива мешавина на раскошни материјали и мошне ефикасни мотори, новиот Peugeot 308 GT Line ја постигнува совршената рамнотежа. Деталите како што се црвените штепови на спортските седишта и големиот панорамски фиксен “cielo” стаклен покрив овозможуваат максимално уживање зад управувачот, додека технолошките карактеристики, вклучувајќи ја 3D Поврзаната Навигација и 180° камера во боја за возење наназад обезбедуваат идеална придружба за секое патување.

ПОТПОЛНА ПОВРЗАНОСТ

Ослободете се од стресот при возење со новиот Peugeot 308, со 3D поврзана навигација од Active ниво*. Заедно со TomTom® системот добивате ажурирања во реално време за сообраќајните услови на вашето патување, што укажува на алтернативни правци на возење. Дополнителните функции вклучуваат локални информации за времето, цените за гориво на пумпите и пребарувањето на POI(места од интерес). За беспрекорно поврзување на вашиот паметен телефон, новиот Peugeot 308, исто така, има функција Mirror Screen®, која опфаќа: Android Auto, Apple CarPlay™ и Mirror Link®.
*Верзиите Active and Allure бараат постојано поврзување со извор на податоци на паметни телефони за пристап до услугите поврзани со TomTom®.

НОВИОТ 308 GT, ПОСМЕЛ ИДЕНТИТЕТ

ДЕФИНИРАЊЕ НА КОНВЕНЦИИТЕ

ДЕФИНИРАЊЕ НА КОНВЕНЦИИТЕ

Вљубете се во новиот Peugeot 308 GT и неговиот посмел дизајн повеќе од било кога. Елегантните контури прекрасно се согласуваат со стилскиот црн браник и алуминиумските наплатки Diamant од 18". Седејќи 10mm поблиску до патот во задниот дел и 7mm во предниот дел, новиот 308 GT има импозантна положба. Уживајте во возбудата на оваа голема турнеја на отворен пат, со “driver Sport Pack”, подобрена динамика на возење и загарантирани авантури.

ДИЗАЈНИРАН ЗА УЖИВАЊЕ

ДИЗАЈНИРАН ЗА УЖИВАЊЕ

Спортската тема продолжува под хаубата со избор на два ексклузивни мотори на новиот Peugeot 308 GT. Со избор на 1.6L THP 205 КС бензински мотор со мануелен менувач со 6-степени на пренос или 2.0L BlueHDI 180 КС, кој се вклопува со целосно новиот менувач EAT8, со 8-степени на пренос. Нудејќи хиперпрогресивни промени, намалена тежина и подобрена потрошувачка на гориво, EAT8 го прави своето деби во гамата на новиот Peugeot 308 . Со помош на стилски електричен импулсен управувач, EAT8 е дизајниран да го оптимизира задоволството при возење.

ГАЛЕРИЈА