НОВ 508

Oкријте го новиот PEUGEOT 508, возило со впечатлив изглед, создаден со бескомпромисен квалитет и високо квалитетна технолошка опрема за да доживеете неверојатно искуство при возењето

НОВИОТ PEUGEOT 508 GT

РАДИКАЛНА ЛИМУЗИНА
Со својата ниска каросерија,прецизно нацртаните линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил новиот PEUGEOT 508 GT поседува елегантен и иновативен дух. Ексклузивниот Puretech 225 S&S EAT8i мотор ги интензивира сетилата за време на возењето.
Веднаш препознатлив по остриот преден дел кој го надополнува коцкестата хромираната решетка врамена со Full LEDi предни светла, новиот PEUGEOT 508 GT претставува радикална модерна лимузина. Дизајнот е јасен,едноставен и совршено пропорционален ,со мускулесто истакната фигура со атлетски профил и со стеснување на средниот дел кој ги акцентира заоблените крила кои се забележуваат со секое движење.

НОВИОТ PEUGEOT 508 GT LINE

КОГА ЗБОРОВИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ
Мачкестиот, моќен и привлечен изглед на PEUGEOT 508 GT Line е веднаш воочлив. Формиран од елегантни линии, префинет дизајн, високо технолошка опрема вклучувајќи го и централниот ретровизор без рамкаi и GT Line висококвалитетни карактеристики.

САМОУВЕРЕНА ЕЛЕГАНЦИЈА
На предната страна, хромираната коцката решетка, сјајните црни капаци на ретровизорите и предните од најновата генерација ги истакнува јасните линии на каросеријата на новиот PEUGEOT 508 GT Line.

НОВИОТ PEUGEOT 508 ALLURE

УНИКАТЕН ДИЗАЈН
Со својот елегантен, софистициран и атлетски стил на каросеријата, новиот PEUGEOT 508 ALLURE е инспириран од купе, но ги поседува сите карактеристики на лимузина. Уште од првите дизајнерски цртежиi фокусот беше ставен на создавање на оптимални пропорции преку технички иновации.

 

 

НАВИСТИНА МОДЕРЕН
Во задниот дел, хоризонтално поставената сјајна црна лената го нагласува 3D ефектот на светлата, директно инспириран од концептот на автомобилот “PEUGEOT Instinct”. Компактниот заден дел е нагласен со крила со големи димензии, а цврстата мускулатура на новиот PEUGEOT 508 ALLURE дополнително ја истакнуваат 18“ HIRONE дво-тонски наплатки со дијамантски сјај и Grey Dusti лак по целата површина на возилото.

ДОДАТОЦИ ЗА ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН

2-peugeot-508-2018-047-frouvert.433348.19.jpg

ОТВОРЕН КОН СВЕТОТ
Уживајте во убавината на пејзажите околу вас.
Отворениот панорамски кров i им овозможува на патниците, вклучувајќи ги и оние на задното седиште, уникатен широк поглед на пејзажот.

pc07-peugeot-508-2018-437-fr.433349.19.jpg

БЕСКОМПРОМИСНА ПЕРФЕКЦИЈА
Вратите без рамка со својата елеганција ги надополнува совршено чистите линии на новиот PEUGEOT 508. За таа цел, дизајнерскиот тим ја искористи својата експертиза за да овозможи бескомпромисна естетика и квалитет. Посветено е внимание на секој детаљ, заедно со силуетата и линиите на возилото кои се изработени до перфекција.

1-peugeot-508-2018-234-fr-wip.433350.19.jpg

СВЕТЛОСЕН ПОТПИС
За подобрена прегледност и дење и ноќе, новиот препознатлив светлосен потпис iна брендот се состои од Full LED предни светла со автоматско прилагодување на висинатаi, предни LED индикатори и прецизно осветлување при свиоци, со кои можете да гледате и да бидете видени во секое време, за оптимизирано возење и безбедност.

peugeot-508-2018-238-fr-bis.433351.19.jpg

СЕКОГАШ ЗАБЕЛЕЖАНИ
Светлосниот потпис на задниот дел се дополнува со тридимензионални 3D full LED светла со тројна PEUGEOT канџаi и со оригинален механизам за активирање и деактивирање кога се заклучуваат и отклучуваат вратите. Интензитетот на светлата автоматски се прилагодува на условите на осветленост и ви дава дополнителна видливост.

1-peugeot-508-2018-429-fr.433352.19.jpg

МАЛ ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ КОРИСНИ ЗА ГОЛЕМИ ПАТУВАЊА
Бројните места за одлагање на предмети се поставено во кабината. Во предниот дел тие на наоѓаат во панелите на вратите, во и под централната конзола. Предметите и за задните патници се исто така на дофат. Истражете ги сите генијални системи во внатрешноста на новиот PEUGEOT 508.

2-peugeot-508-2018-192-fr.433353.19.jpg

ДОПОЛНИТЕЛЕН ВОЛУМЕН
Големиот капацитет на багажникотi е одличен за куферите и багажот, а истовремено обезбедува практичност благодарение на дополнителното широко отварање на задната врата. Новиот PEUGEOT 508 исто така има “hands- free” отворање на задната вратаi, кое во комбинација со "Keyless Entry" и "Start", овозможува на возачите да го отворат и затворат багажникот со едноставно движење на ногата под задниот браник.

pc07-peugeot-508-2018-199-fr.433339.19.jpg

МАТЕРИЈАЛИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА
Прилагодете го вашето возило и подобрете ја Вашата благосостојба со избирање на безвременски материјалиi, влезете внатре, затворете ја вратата и опуштете се.

pc07-peugeot-508-2018-248-fr.433354.19.jpg

БЕЗВРЕМЕНСКИ ДИЗАЈН
Секој детаљ беше дизајниран за да ги зголеми сензациите при патувањето. Покрај премиум завршната обработка, висококвалитетните материјали, внатрешноста на новиот PEUGEOT 508 GT е надополнет со стандардна кожаi и Alcantara®, перфориран и “full grain” коженi управувач, додека контролната табла, панелите на вратите и централната конзола се декорирани со зебрано дрво.

ВНАТРЕШНОСТ

Навигација во внатрешноста

Pannellum