САНИТАРНА СОСТОЈБА (COVID-19)
Почитувани, За нас, здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден.
Сите продажно сервисни локации на Peugeot во Северна Македонија се на Ваше располагање и со задоволство ќе Ви помогнеме при сите Ваши барања во врска со купување на ново возило или со сервисирање на возилото кое го користите. Здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден!
PEUGEOT брендот, Еуроимпекс и дилерската мрежа и понатаму одговорно ќе се придржуваме и ќе ги имплементираме најновите насоки, препораки и совети дадени од Светската здравствена организација и Владата на Република Северна Македонија.
Свесни сме дека состојбата е загрижувачка. Но, бидете уверени дека сите во PEUGEOT сме фокусирани да Ви овозможиме безбедно искуство со нас. Доколку имате какви било грижи или прашања Ве замолуваме да нè контактирате.
COVID-19 | Нашиот тим останува на Ваше располагање, побарајте термин за сервисирање на Вашето возило.