Автономијата на вашето електрично возило
Автономијата е главниот фактор при избор на електрично возило. Корисниците сакаат вредностите за опсегот на батеријата наведени од производителот, да се што е можно поверодостојни. Фактори што влијаат врз автономијата, полнењето и советите за возење - Ви ги обезбедуваме сите корисни и потребни информации за да Ви загарантираме спокојно и пријатно искуство со Вашиот PEUGEOT електричен автомобил.
други фактори кои може да влијаат врз автономијата
Стил на возење
Редовниот пренос на степени и еко-одговорно возење Ви овозможува да ја оптимизирате автономијата.
Притисок во пневматици
Важно е да го проверувате притисокот во пневматиците најмалку еднаш месечно. Проверете го максималниот дозволен притисок прикажан на страна на пневматикот затоа што ако Вашите пневматици се недоволно напумпани, ќе има поголема отпорност на пневматиците, што резултира со поголема потрошувачка на енергија.
Удобност на патниците
Греењето и ладењето може да влијаат од 10 до 30% на потрошувачката на батеријата. Од друга страна, другите елементи за удобност (радио, светла, бришачи и сл.) имаат многу мало влијание.
Товар
Возењето со товар на покрив или отворен прозорец ја зголемува отпорноста на ветерот, а со тоа и потрошувачката. Големиот товар исто така ќе влијае врз автономијата.
СОВЕТИ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА автономијата
Индикатор за моќност
Потрошувачката на енергија е означена во реално време на Вашата контролна табла за подобро управување со автономијата на Вашето возило.
Режим „Eco-Drive“
Режимот “eco-drive” Ви овозможува максимално да ја искористите автономијата на Вашиот автомобил. Заштедете енергија со намалување на моќноста на моторот и греењето.
Регенеративно кочење
Кога ја ослободувате педалата за гас за време на возењето, електричниот мотор делува како генератор, го забавува возилото и ја враќа енергијата за да го пренесе на батеријата. Режимот кочење се активира со туркање наназад на рачката од менувачот.
Управување од далечина
Со Вашиот паметен телефон, поставете го претходно греењето или ладењето на патничкиот простор за Ваша удобност. Оваа функција Ви овозможува да го зачувате капацитетот на батериите доколку возилото се полни. Можете исто така да ја проверите автономијата на Вашето возило, да ја полните батеријата од далечина кога сакате и да го следите полнењето преку апликацијата MyPeugeot®.
Полнење
Искористете го максимумот од автономијата на Вашето електрично возило, користејќи бројни опции за полнење кои Ви се достапни.