Полнење на plug-in хибридно возило

Полнење на plug-in хибридно возило

PEUGEOT plug-in хибридните возила се дизајнирани така што лесно и интуитивно се полнат. Откако ќе се вклучи, дисплејот во боја го покажува напредок на полнењето. Отворот за полнење е на задното лево крило, а кабелот за полнење можете да го чувате под подот на багажникот. Неговото време на полнење зависи од моќноста на приклучокот и од терминалот за полнење. За да се зголеми автономијата во целосниот електричен режим, plug-in хибридните возила на Peugeot нудат различни решенија за полнење.

Приватно полнење

Полнењето на Вашиот plug-in хибридно возило е лесно. Нашите решенија за полнење се прилагодуваат на тоа да го наполните Вашето возило дома или работа, со или без одредена инсталација. Оптимизирајте го времето за полнење со избирање на тоа што најмногу Ви одговара.

Различни типови на приватен полнач

Домашен полнач

Кабелот може да се купи како додаток доколку сакате да го користите овој начин на полнење иако не го препорачуваме за секојдневно полнење. 24 часа за потполно полнење на PEUGEOT е-208

Ѕиден полнач

Полнењето на ѕиден приклучок Ви овозможува значителна заштеда на времето за полнење. За дополнителни информации обратете се до Вашиот снабдувач со електрична енергија. Потребни се: 5 часа со 11Kw ѕиден приклучок, доколку инверторот на возилото е со моќност од 11kW. За целосно наполнета батерија на електричното возило. 7.5 часа на 7.4kWh ѕиден приклучок, за целосно да го наполните Вашиот Peugeot e-208

Јавно полнење

Кога сте на пат, користете јавни полначи, за да го наполните Вашето Peugeot електрично возило Времето на полнење е во директна корелација со моќноста (kW) на кабелот кој ќе биде употребен како и моќноста на инверторот вграден во возилото

Е-далечински контроли

Проверете го опсегот на вашето електрично возило во реално време, како и статусот на конектирање, директно преку MyPeugeot апликацијата. Активирајте го полнењето од далечина и мониторирајте го неговиот прогрес. Исто така можете и да го програмирате идеалното време за полнење. За уште поголем комфор, добивајте известувања штом се наполни батеријата. Оваа услуга ви е овозможена бесплатно преку Peugeot.