ЕЛЕКТРИЧНА ТЕХНОЛОГИЈА

ПОЛНЕЊЕ

КАКО ФУНКЦИОНИРА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗИЛО?

Тоа не е тајна, откријте како функционира системот на полнење на Peugeot електричното возило.
Дополнувајте го вашето електрично возило во кое било време, благодарение на каблите за напојување на возилото преку приватен полнач или преку користење на јавно достапен полнач.

Електрична мрежа

1. Електрична мрежа
Најчесто станува збор за монофазна струја. За да бидете сигурни контактирајте со вашиот снабдувач на електрична енергија.

Станици за полнење

2. Станици за полнење
Постојат три типа на станици за полнење и се разликуваат во зависност од типот на полнење: стандард, забрзано и брзо полнење.

Кабел за полнење

3. Кабел за полнење
Колку поголема моќност има кабелот, толку побрзо ќе биде полнењето.

Полнач на возилото

4. Полнач на возилото
Тој е последна алка во синџирот и е директно интегриран во возилото.

ПРИВАТЕН ПОЛНАЧ

Наполнете го вашето електрично возило кога сте дома или на работното место, со или без специфична инсталација.
Во домот или на работа, нашите опции за полнење се прилагодиваат на вашите можности.
Во зависност од инсталацијата за полнење која ја имате избрано, времето на полнење на вашето електрично возило ќе биде оптимизирано.

ПРИВАТЕН ПОЛНАЧ

Полнење во домашни услови
Исто како што го полните вашиот паметен телефон, така приклучите го вашето возило на приклучокот на ѕидот.

+30%
За полнење преку ноќ на вашиот нов електричен автомобил.

Забрзано полнење
Економично, користејќи го овој начин на полнење ќе обезбедите совршен баланс меѓу автономијата на возилото и вашите секојдневни потреби.

+60%
За полнење преку ноќ на вашиот нов електричен автомобил.

Ѕиден полнач
Поголема моќност и брзина на полнење. Надополнете до целосно полна батерија за само неколку часа. Полнењето на домашен полнач е ограничено, употребата на ѕиден полнач ви овозможува значителна заштеда на време за полнењето. Имајте во предвид дека пред да се инсталира ѕиден полнач, потребно е да се изврши дијагностика. За дополнителни информации обратете се до вашиот снабдувач со електрична енергија.

Потребни се:
7:30 часа за полнење со 7.4kW ѕиден полнач.
5 часа со 11kW ѕиден полнач, доколку инверторот на возилот е со моќност од 11kW.
За целосно наполнета батерија на електричното возило.

ЈАВЕН ПОЛНАЧ

Кога сте на пат, користете јавни полначи, за да го наполните вашето Peugeot електрично возило.

Преку користење на сервисната услуга “Free2Move” и понудата на “Charge My Car” ќе имате информација за достапност на преку 185.000 полначи во Европа кои се компатибилни со вашето Peugeot возило. Со претплата на “Charge My Car” од услугата “Free2Move” ќе имате целосна корист од оваа голема мрежа на полначи.

ЈАВЕН ПОЛНАЧ

За полнење на вашето возило може да користите два различни вида на електрична струја. Постои разлика помеѓу полначите на наизменична струја (AC) и полначи на еднонасочна струја (DC). Низ дистрибутивната мрежа се пренесува наизменична струја.
На повеќето јавни полначи и домашните полначи достапна е наизменична струја. Овој капацитет е сосема доволен за полнење на возилото во вашиот дом или на автопат. Времето на полнење е во директна корелација со моќноста (kW) на кабелот кој ќе биде употребен како и моќноста на инверторот вграден во возилото.
За брзо полнење, на пример за време на долги патувања, можете да користите брз полнач, опремен со конвентор кој ја менува наизменичната струја во еднонасочна. Овој тип на полначи се најчесто достапни на автопат. Еднонасочната струја е соодветна само за 100% електрични возила.

22kW полнач (AC)
Надополнете го вашето возило додека гледате филм.


2 часа
Со користење на 11kW полнач, ќе ви бидат потребни 2 часа за да надополните 40% од батеријата.

50kW полнач (DC)
Додека во супермаркет ја минувате постапка за пазарење, вашето Peugeot возило ќе биде целосно наполнето.
Приклучокот кај овие полначи е стандарден, не зависно од опремата на вашето возило.

1 час
За надополнување на 85% од капацитетот на батеријата.

100kW полнач (DC)
Додека патувате кон вашата дестинација за одмор, направете кратка пауза за целосно да го наполните вашето електрично возило.
Приклучокот кај овие полначи е стандарден, не зависно од опремата на вашето возило.

30 минути
За надополнување на 80% од капацитетот на батеријата.  

КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Постојат четири типови на кабел за полнење кои ќе ги користите за полнење на домашен полнач или јавно достапен полнач.

Кабел од тип 2 подобрен
Овој кабел обезбедува моќност до 3.2kW и е дел од стандардната опрема на вашето ново 100% електрично возило.
Оптимизиран за користење на подобрен домашен приклучок.
Овој кабел преку контролниот уред ја адаптира својата моќност согласно детектираниот приклучок: 1.8kW за стандарден приклучок и 3.2kW за подобрен приклучок.

Кабел од тип 3, со еднофазен приклучок
Достапен како дополнителна опрема, овој кабел е оптимизиран за вашето возило со полнач од 7.4kW, за употреба на ѕиден или јавно достапен полнач.

Кабел од тип 3, со трофазен приклучок
Достапен како дополнителна опрема, овој кабел е оптимизиран за вашето возило со полнач од 11kW, за употреба на ѕиден или јавно достапен полнач.

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАТЕРИЈАТА?

КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАТЕРИЈАТА

Peugeot електричните возила имаат батерија со капацитет од 50kWh и истата е вклучена во цената на возилото.

Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000km, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на батеријата.