Предпремиера: новиот Peugeot 508

На ден 26.9.2018 Новиот Peugeot 508 беше предпремиерно претставен пред внимателно одбрана публика во Македонија.

По долго очекување на Новиот модел на Peugeot на 26ти септември, во еден од престижните локали во Скопје беше презентиран Новиот Peugeot 508.

Презентацијата на овој модел беше пред внимателно одбрана публика со цел да се задржи ексклузивитетот на неговото претставување со најава за официјално пристигнување на моделот кон крајот на декември месец 2018та година.

Настанот го отвори Ана Николоска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс, која јасно посочи за ексклузивното претставување на овој модел во Скопје, пред неговото појавување на Интернационалниот саем во Париз и го нарече „креација на иднината создадена од страна на Automobiles Peugeot”.

Ивана Манчева Михајловска, Заменик извршен директор и Регионален маркетинг директор на Еуроимпекс, зборуваше за стратегијата на компанијата и развојот на брендот и посочи дека се многу блиску до „премиум“ друштвото и со задоволство истакна дека најновиот модел на брендот (Новиот Peugeot 508) уште еднаш го потврдува тој факт.

„Новиот 508, не е наследник на истоимениот модел. Тој е сосема ново возило е олицетворение на една нова визија и влез во целосно нова ера. Ера на технологија, на автономност, на моќ сплотена со елеганција и комфор. Креиран за ваше целосно задоволство.Нашите успеси не сопираат тука!!! Продолжуваме понатаму!“ – изјави Томислав Нафидов, регионален директор на продажба во Еуроимпекс.

Новиот Peugeot 508 GT кој беше презентиран на настанот, со својата нова боја Ultimate Red, спортската елеганција, највисокото ниво на технологија и автономност, на моќ а воедно и уживање во возењето и беспрекорен комфор, е комплетно креиран за ваше целосно задоволство.

Со целосно новите предни и задни светла, ниската каросерија, прецизно исцртани линии, врати без рамки, нови мотори, нов автоматски менувач со 8 степени на пренос, висок квалитет на кожен ентериер, опција за “night vision” и многу други дополнителни елементи во опремата ги надмина очекувањата на сите присутни.

Новиот 508 GT ќе можете да го погледнете во салонот на Еуроимпекс, на Трета Македонска Бригада врој 72, 1000 Скопје, во деновите од 26ти до 29ти септември, a за тест возење и повеќе информации околу моделот можете директно да се обратите кај одговорниот тим на Еуроимпекс.

PEUGEOT Ready to go
Искористете ја предновогодишната понуда и купете Peugeot возило од лагер, во акција која трае само во месец декември!
Повеќе за оваа понуда