Peugeot 2008 SUV

Откријте го PEUGEOT 2008, уникатен SUV кој е совршено дизајниран да овозможи одлично искуство при возење благодарение на инoвативниот PEUGEOT 3D i-Cockpit®, најновите технологии и изборот на моќни, ефикасни мотори на внатрешно согорување и електрични мотори.

Дизајн

*МОЌЕН SUV.

Со своите флуидни и робусни линии и со високото растојание од подот, PEUGEOT 2008 SUV овозможува обемен волумен и одлична моќност. Неговиот впечатлив дизајн открива елегантни линии и извајани форми по страничниот дел на возилото, близу рамката на прозорците, давајќи му софистициран и уникатен стил. Неговиот експресивен преден дел, карактеристичен светлосен потпис, неговите 18” наплатки со аеродинамични додатоциi, хоризонталниот капак на мотор дополнет со сјајни црни ленти нa прозорцитеi и Black Diamond покривот го истакнуваат неговиот моќен и спортски изглед.

1 / 6
ПРЕДНИ СВЕТЛА

ИМПОЗАНТНО ПРИСУСТВО
Впечатлив и уникатен, предниот дел на PEUGEOT 2008 SUV има заоблено ветробранско стакло истакнувајќи го виткиот и спортски облик. Хоризонталниот капак на мотор e надополнет со широка хромирана решетка украсена со амблематичен светлосен потпис на брендот во форма на три лавовски канџи и Full LEDi предни светла што го истакнуваат современиот и мачкаст изглед.

i-Cockpit

ИНТЕНЗИВНО ИСКУСТВО

Подобрете го Вашето искуство зад управувачот со PEUGEOT 3D i-Cockpit® со интуитивна ергономија, компактен управувач, 10” капацитативен HD екран на допир и конфигуративната 3D дигиталната контролна табла. Опремен со hands-free стартување како и заклучување/отклучување на вратите, се активира со клучот во џеб и со едноставно приближување или оддалечување од возилото. Можете да го прилагодите возењето со избирање на режим за возење. Седнете зад управувачот во PEUGEOT e-2008 SUV и уживајте во придобивките на PEUGEOT 3D i-Cockpit® со функции наменети за електрично возење. Оптимизирајте ја автономијата на батеријата со помош на регенеративно сопирање и добивајте детални информации во реално време за работата на напојувањето.

1 / 3
ЗА ПОБРЗА РЕАКЦИЈА

3D дигиталната контролна табла ги прикажува сите информации потребни за возење во рамките на видното поле на возачот, како што се од системот за навигација и од системите за помош при возење, рангирани и прилагодени на две нивоа за читање. Најважните информации, како што се предупредувањата за брзина и безбедност, се прикажани во форма на холограм за да го привлечат вниманието на возачот побрзо.

МОТОРИ

ИНТЕРЕСЕН ИЗБОР НА МОТОРИ

Задоволете ги Вашите желби благодарение на слободата на избор на мотор кој Ви одговара:
- Со електричниот модел, уживајте во патувањето каде и да посакате вклучувајќи ги и местата со ограничен сообраќај.
- Со бензинските и дизел модели може да изберете од гамата на Euro 6 мотори со високи перформанси и ефикасни кои се опремени со функцијата Stop&Start.

1 / 5
ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР

EЛЕКТРИЧНО ВОЗЕЊЕ
Прилагодлив, лесен за ракување во градот, а и стабилен и безбеден на отворен пат, PEUGEOT e-2008 SUV е опремен со електричен мотор од 100 kW (136 КС).
Овој мотор овозможува моментално забрзување благодарение на вртежниот момент од 260 Nm.
Зад управувачот во PEUGEOT e-2008 SUV ќе уживате во удобното, динамичното и тивкото возење.

ТЕХНОЛОГИЈА

“NEXTGEN” SUV

За подобра безбедност, помош при маневрирање и подобро предвидување на околината, PEUGEOT 2008 SUV е опремен со најнова генерација на технологија и помош при возење.