Peugeot 3008 SUV HYBRID

Новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID комбинира моќ и префинетост, со технологијата во возилото што придонесува за уникатно возачко искуство. Неговите два мотора HYBRID 225 КС FWD и HYBRID4 300 КС AWD, комбинирајќи внатрешно согорување и електрична енергија, се ефикасни и динамични. 100% електричниот режим ќе Ви овозможи да доживеете одлични емоции при возење.

Предности
ХИБРИД НА ПОЛНЕЊЕ: ПРИЛАГОДЛИВО ВОЗЕЊЕ

1 / 3
Задоволство во возењето

Со овој plug-in hybrid, изберете режим на возење: внатрешно согорување или електричен. Во електричен режим, откријте нови сензации:

- До 59 km (WLTP) во електричен режим
- Непречено и мирно возење, помалку вибрации
- Моќно забрзување благодарение на вртежениот момент на моторот
- Тивок мотор

ДИЗАЈН

НОВА ЕРА НА СОВРЕМЕНОСТ

Новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID покажува моќен дизајн благодарение на сосема новиот преден дел украсен со Full LEDi предни светла и SDLi. Неговиот впечатлив стил, совршената рамнотежа помеѓу моќноста и флуидноста, ги надминува утврдените кодови на SUV возилата.

1 / 3
HYBRID ознаки

HYBRID или HYBRID4 ознаките кои ги красат крилјата на новиот PEUGEOT 3008 SUV суптилно потенцираат дека тие припаѓаат на иновативната технолошка plug-in хибридна гама.

1 / 3
Hi-Cockpit® прилагоден на plug-in хибридното возење

Надградениот PEUGEOT i-Cockpit® на новиот PEUGEOT 3008 SUV plug-in hybrid овозможува стимулативно и интуитивно возачко искуство на дневна основа. За поголема контрола и леснотија, адаптирани се дигиталната инструмент табла и капацитивниот 10” екран на допир.

Технологија
PLUG-IN HYBRID

За помоќно искуство, новиот PEUGEOT 3008 SUV е достапен во верзија HYBRID4 300 e-EAT8 AWDi (погон на четири тркала) iи HYBRID 225 e-EAT8 FWD** (погон на две тркала).

Комбинира:
- Бензински мотор PureTech со моќност од 147 kW / 200 КС за HYBRID4 и мотор од 132 kW / 180 КС за HYBRID
- 81 kW мотор напред на HYBRID и HYBRID4 и втор мотор 83 kW назад на HYBRID4.

АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ
АВТОНОМИЈА ДО 59 km/h ВО ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ (WLTP)

Опсегот на возење на литиум-јонската батерија на новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID Ви овозможува да поминете до 59 km/h во електричен режим според протоколот за сертификација WLTP (Процедури за тестирање во светски рамки на лесни возила). Протоколот WLTP им дава на корисниците попрецизна и реална визија за вредностите на опсегот на возење според вистинската употреба на возилото.

ГЛАВНИ ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ОПСЕГОТ ВО ЕЛЕКТРИЧНИОТ РЕЖИМ
undefinedimage
Брзина

Прилагодување на брзината на автопат и брзите патишта помага да се зачува преостанатиот опсег на возење

undefinedimage
СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ

Ограничувањето на силното забрзување и одложеното сопирање помага да се зачува преостанатиот опсег на возење

undefinedimage
ТЕМПЕРАТУРА

Активирањето на клима уредот или греење за време на возењето влијае на преостанатиот опсег на возење

undefinedimage
ОПТОВАРУВАЊЕ

Бројот на патници или количината на багаж може да влијае на преостанатиот опсег

РЕШЕНИЈА ЗА ЕДНОСТАВНО И БРЗО ПОЛНЕЊЕ
Постојат повеќе решенија за полнење кои ќе ви помогнат максимално да го искористите новиот SUV PEUGEOT e-2008 и неговите опсег од 320 km WLTP

Полнење во домот или на работа

Можете целосно да ја наполните батеријата на новиот PEUGEOT 3008 SUV HYBRID:

- користејќи стандарден приклучок (8 A, 220 V) за 7 часа;
- користејќи приклучок од типот Green'up® за брзо полнење (14 A, 220 V) за 4 часа.

Можете исто така побрзо и безбедно да го полните Вашиот PEUGEOT 3008 HYBRID со кутијата за полнење. За целосно полнење се потребни само 1 час 45 минути со кутија за полнење од 7,4 kW*.

Полнење на јавна станица

Широка мрежа од повеќе од 185.000 јавни станици е достапна низ цела Европа за полнење на вашето хибридно возило*.
PEUGEOT Ве поканува да се претплатите на понудата Charge My Car од услугите Free2Move користејќи ја мобилната апликација, што ќе Ви го олесни пристапот до огромна мрежа на јавни станици за полнење.

Користејќи Charge My Car и картичка за полнење, лесно можете да пристапите до мрежата од над 140.000 станици за полнење во Европа.

- Електричен: овозможува 100% електрично возење до 135 km/h
- Хибриден: наизменичност на електричен и мотор со внатрешно согорување за да се оптимизира употребата на енергии
- СПОРТ: ја користи целата моќ на моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор (во зависност од верзијата HYBRID или HYBRID4) за максимални динамички перформанси
- 4WD: за подобра тракција (4WD)