PEUGEOT 9X8 HYPERCAR – ДИЗАЈНИРАН ЗА ТРКА

PEUGEOT го претстави новиот 9X8, најнова генерација на хипер тркачки автомобил, кој е подготвен да дебитира на FIA светскиот шампионат на долги патеки (FIA VEC) во 2022 година. Придвижуван од хибридна погонска единица и опремен со погон на сите тркала, овој хипер-ефикасен прототип совршено се вклопува со стратегијата за нео-перформанси на PEUGEOT, која е наменета и за патничките и за тркачките автомобили и обезбедува одговорни перформанси. Работата на инженерскиот тим на PEUGEOT SPORT и PEUGEOT Design се надоврза како никогаш досега за да го произведат 9X8.


Широкиот изглед и аеродинамичниот концепт кај PEUGEOT 9X8 беа претставени дури по неколку месеци напорна заедничка работа на инженери за развој предводени од Olivier Jansonnie, технички директор на PEUGEOT Sport, и тимот дизајнери предводен од Matthias Hossann, раководител на PEUGEOT Design.

PEUGEOT 9X8 ќе ги следи стапките на познатите модели за долги патеки на брендот, PEUGEOT 905 и PEUGEOT 908, победници на 24 часа Le Mans во 1992 и 1993 година и во 2009 година.

Со 9X8, Peugeot започнува оригинален проект за брендот во духот на концептот за нео-перформанси, комбинирајќи ги врвните спортски перформанси, технолошките знаења што може да се пренесат на производствените модели, како и ефикасноста и извонредноста на дизајнот.

Новите регулативи на Le Mans Hypercar (LMH), имплементирани од FIA и ACO за да ја заменат категоријата LMP1, влијаеја во усвојувањето на овој пристап од страна на брендот. Нудејќи поголема флексибилност во третманот на аеродинамичните површини, регулативите поттикнаа радикално поинаков начин на размислување и дизајн на иновативни автомобили, поотворени за придонес на дизајнерските тимови. Инженерите и дизајнерите ја искористија оваа можност да измислат и развијат нови процеси на креирање, со цел да ги прекршат постоечките правила и да го создадат PEUGEOT Hypercar, основач на нов стил.

Што се однесува до неговото име, прватa бројка 9 ги претставуваат екстремните тркачки автомобили на брендот, како што се моделите за долги патеки на PEUGEOT, 905 (1990-1993) и 908 (2007-2011), две од исконските машини на производителот.

X укажува на погонот на сите тркала (погон на четири тркала) и хибридната моќна технологија кај новиот PEUGEOT хиперавтомобил и на тој начин брендот ја проширува својата стратегијата за електрификација во мотоспортот.

Што се однесува до бројот 8, ова е број што е присутен кај сите современи модели на PEUGEOT: 208 и 2008, 308, 3008, 5008 и секако 508. 508 неодамна беше развиен од истиот тим инженери и дизајнери како хиперавтомобил и е првиот модел што ја носи ознаката PEUGEOT SPORT ENGINEERED.

ДИЗАЈН КОЈ ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ

„Го знам квалитетот на работата и иновативноста на тимовите PEUGEOT Design и PEUGEOT Sport, но морам да кажам дека успеаа да ме изненадат со овој прекрасен 9X8: комбинирањето на моќениот идентитет на Бренд со таков елегантен и иновативен профил е апсолутно брилијантно.“, изјави Linda Jackson, главен извршен директор на PEUGEOT.

1 / 6

„Како и секогаш во PEUGEOT, нашата работа беше инспирирана од скицата на голема мачка подготвена да скокне“, објасни Matthias Hossann, менаџер на PEUGEOT Design. „Овој став доведе до cockpit кој е малку накривен кон нанадвор. Општо земено, PEUGEOT 9X8 ги има истите дизајнерски знаци што може да се видат на сите модели на брендот: тоа е софистициран, впечатлив и елегантен автомобил кој пренесува чувство на возбуда и динамика“.

Покрај обликот на телото и целокупниот изглед, тимот за дизајн работеше на интегрирање на дизајнерските знаци специфични за брендот PEUGEOT во сите детали на изведбата - се разбира со оптимална ефикасност.

НЕМА КРИЛО! МОЖНОСТИТЕ НА РЕГУЛАТИВИТЕ НА LMHi (LE MANS HYPERCAR)

Во задниот дел на PEUGEOT 9X8, внимателно издлабените елементи ги сместуваат задните светла во форма на лавовски канџи, кои врамуваат широк дифузор, а на врвот се одразува хумористичната изрека: „We need no rear wing“ (Не ни треба задно крило).

„Новите регулативи на Le Mans Hypercar (LMH) се дизајнирани да ги изедначат конвенционалните вектори на перформанси“, објасни Olivier Jansonnie, технички директор на програмата WEC на PEUGEOT Sport. „Тоа е возбудливо, бидејќи сега мораме и ни е дозволено да измислуваме, да воведуваме промени и да најдеме можности да генерираме перформанси надвор од традиционалните модели. Ова особено се однесува на аеродинамиката. Регулативите дозволуваат да имаме еден единствен прилагодлив аеродинамички елемент, без да специфицираат дека тоа треба да биде задното крило. Нашите пресметки и симулации сугерираа дека можеме да постигнеме многу високи нивоа на перформанси без задно крило“.

1 / 3

Недостатокот на оваа аеродинамична карактеристика даде слобода за дизајнот на обликот на каросеријата на PEUGEOT 9X8, давајќи му флуидност што не е видена кај автомобили за долги патеки со децении. Ова им овозможи на дизајнерите, партнерите на инженерите, да извајаат хармонични и динамични волумени и да создадат огромни површини што ги поврзуваат страничните панели или водат до лакови на предните тркала.

ХИПЕР-ЕФИКАСЕН ХИБРИДЕН ПОГОН

2,6-литарски, 500 kW (680 КС) твин-турбо V6 мотор, навален за 90° - моторот со внатрешно согорување на PEUGEOT HYBRID4 500 kW погонската група што ќе биде поставен на средината на задниот дел на 9X8 - како што се очекуваше, акумулира километри на тест клупата на моторот од април оваа година.

Електричниот мотор/генератор од 200 kW ќе биде поставен напред, седумстепениот секвенцијален менувач и батеријата моментално се склопуваат, со цел да се усогласат со распоредот за валидација на тест-клупата. PEUGEOT Sport и Saft, подружница TotalEnergies, се соочуваат со технолошки предизвик секој ден заедно со заеднички развој на батеријата со висока густина и висок напон (900 волти).

LE MANS: ОДЛИЧНА ТЕСТ ЛАБАРАТОРИЈА ЗА PEUGEOT

Покрај аеродинамичната, механичката и електронската ефикасност, трките на највисоко ниво ја ставаат на тест сета инженерска експертиза на PEUGEOT и уште повеќе на 24 часа Le Mans - екстремен тест на спортот - отколку на кое било друго место. 5.400 km поминати со болидите на Le Mans на светски познатата 24-часовна трка се горе-долу исто километри како што поминува формула 1 болид во цела сезона. Затоа е потребна непоколеблива доверливост и ефикасност.

Linda Jackson нагласува: „Вклучувањето на PEUGEOT во трките на долги патеки оди подалеку од самото тркање: тоа е екстремна тест лабораторија за PEUGEOT. Исто така, објаснува зошто нашата врска со Le Mans е толку силна. Очигледно, спортските резултати се важни, но можеби повеќе е валидацијата на нашите технологии и нашето истражување на 24-часовна трка што се одржува во врвни тркачки услови. Во ова конкуренкурентно опкружување, го тестираме нашиот хибриден систем и технологиите за намалување на потрошувачката на гориво - а со тоа и емисијата на CO2 - што моментално ги развиваме за нашите производни модели. Нашите тимови на PEUGEOT Sport се горди што нивното истражување е пренесено на нашите сериски возила. За нашите клиенти, оваа тест лабораторија на Le Mans е гаранција за квалитетот на нашите автомобили“.

ШТО ВЕЛАТ ВОЗАЧИТЕ

„Никогаш не сме виделе такво нешто“, коментираат Loïc Duval, Jean-Eric Vergne, Mikkel Jensen, Kevin Magnussen, Gustavo Menezes, Paul Di Resta и James Rossiter. Сите возачи едвај чекаат да седнат зад управувачот на првите тест сесии, кои привремено се планирани да се одржат на крајот на годината.

1 / 7
PAUL DI RESTA

ШКОТЕЦ, 35 ГОДИШЕН, ПОРАНЕШЕН ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧ И DTM ШАМПИОН ВО 2010

„Сите сакаа да знаат како би изгледат хиперавтомобилот. Па еве го! Многу луѓе ке бидат изненадени од овој смел, иновативен изглед и извонредниот индентитет на брендот.“

Со влегувањето на светскиот шампионат на долги патеки, PEUGEOT отвора нова категорија, онаа на нео-перформанси.

Брендот се враќа на трките на долги патеки со исклучителна можност да се работи во спортот во форма на бензински/електричен хибриден погон. Повеќе од десет години, PEUGEOT Sport го докажа своето владеење во хибридно-електричната технологија. 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED ја зема својата филозофија, технологија и перформанси од искуството стекнато со PEUGEOT 908 Hybrid4 и демонстрациониот автомобил PEUGEOT 908 HY, потоа со проектот PEUGEOT 208 HYbrid FE и неодамна претставениот PEUGEOT 308 во 2015.

508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED денес ја претставува синтезата на оваа работа и технолошкото владеење. Тоа е достоен наследник на проектите споменати погоре. Тркачката DNK на PEUGEOT Sport и неговото технолошко знаење може да се видат во ова возило, комбинирајќи многу високи нивоа на перформанси, контролирани вредности на емисија (46 g/km CO2) и опсег до 42 km во целосно електричен режим.

НОВА PEUGEOT SPORT ENGINEERED ЛИНИЈА

Покажете го Вашиот естетски и иновативен дух зад управувачот на новите PEUGEOT SPORT ENGINEERED 508 & PEUGEOT SPORT ENGINEERED 508 SW и уживајте во возбудата на ефикасните, електричните, високите перформанси со ниска емисија