PEUGEOT e-PARTNER

PEUGEOT PARTNER & E-PARTNER | PEUGEOT КОМЕРЦИЈАЛНО ВОЗИЛО

Peugeot Partner, цели 20 години е тестиран од страна на деловни корисници кои следеле високи референтни вредности за да се понуди квалитетен производ на пазарот. Новата генерација на PEUGEOT PARTNER, во сегментот на комерцијалните возила, нуди ново ниво на комфор и задоволство при возење, благодарение на PEUGEOT i-Cockpit®, а моќта на избор Ви даваат можност да изберете ефикасен дизел или целосно електричен погон.


ПРЕДНОСТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ МОТОР
undefinedimage

НОВО ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ

Автономија до 275 km (WLTP) i

Проценетите вредности дадени само како информација и се предмет на очекувана потврда од WLTP.
Нови сензации во 100% електричен режим без да се откажете од предностите на комерцијалните возила:

• Индентичен корисен волумен како кај верзиите со дизел мотор
• Достапен во две должини стандардна и долга
• Достапен и во Panel и Crew Van верзии
• Носивост до 800 kg
• Капацитет за влечење до 750 kg
• Моментален вртежен момент без визбрации
• Тивок мотор

undefinedimage

ЗАШТЕДА

0 g на емисија на СО2
Повеќекратни заштеди:

• Пониски трошоци за надополнување во споредба со конвенционалните горива
• Пониски трошоци за одржување
• „ECO“ режим за оптимален животен век на батеријата

undefinedimage

ЕДНОСТАВНА И НОВА МОБИЛНОСТ

30 минути за полнење до 80% на батеријата (Со 100 kW полначи. Времето потребно за полнење може да варира во зависност од типот и можностите на станицата за полнење, од надворешната температура на точката на полнење и од температурата на батеријата)

• Едноставно, интуитивно полнење
• Далечинско управување преку апликацијата MyPeugeot®


ИЗБЕРЕТЕ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Без разлика дали сте сопственици на бизнис или менаџери на возен парк, сите професии имаат свој сет на барања. Со цел да ги задоволи Вашите специфични потреби и употреби, PEUGEOT Partner е достапен во неколку верзии: S Premium, Grip Premium, Professional Premium и Asphalt Premium.

1 / 2
НУЛА ЕМИСИИ, БЕЗ КОМПРОМИС

Новиот PEUGEOT e-PARTNER е достапен во истите верзии како и верзиите со дизел мотор за да ги задоволи сите барања на клиентите:

• Panel Van - 2 должини: стандардна 4,40 m и долга 4,75 m, до 3 седишта со клупата Multiflex
• Crew Van - до 5 седишта, фиксни или што можат да се преклопат, само во долгата верзија

Корисниот волумен до 4,4 m³ за долгата верзија (3,8 m³ за стандардната верзија) е ист како кај дизел верзијата поради вградувањето на батериите под подот, без никакво влијание врз волуменот во багажникот.

Висината е помала од 1,90 m што овозможува пристап до повеќето паркинг места.

Со цел да се задоволат повеќе потреби новиот PEUGEOT e-PARTNER е достапен и во Professional Premium и Asphalt Premium верзии



ГАРАНТИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО ВОЗИЛО

1 / 5
ДИЗАЈНИРАН ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ

Новиот PEUGEOT Partner е дизајниран на платформата EMP2 која е искористена и кај најновите модели на автомобили. Оваа веќе докажана платформа со пократок преден дел овозможува помал радиус на вртење: радиусот на вртење помеѓу крајните точки кај стандард верзијата е 10.82m и 11.43m кај долгата верзија.

Кај стандардната или долгата верзија (+35 cm подолга во споредба со стандардната верзија) дозволената оптовареност е една од најдобрите во сегментот и се движи од 650 kg до 1.000kg во зависност од верзијата.

(1): Стандардна верзија
(2): Долга верзија


ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Без разлика дали сте сопственици на бизнис или менаџери на возен парк, сите професии имаат свој сет на барања. Со цел да ги задоволи Вашите специфични потреби и употреби, PEUGEOT Partner е достапен во неколку верзии: S Premium, Grip Premium, Professional Premium и Asphalt Premium.

1 / 2
Е-КОНТРОЛИ ЗА УПРАВАЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА

Управувајте со Вашето возило од далечина благодарение на апликацијата MyPeugeot (Бесплатна услуга достапна само со RCC + BTA или NAC + BTA. Без BTA, функцијата за одложено полнење е достапна преку копчето лоцирано во капачето на приклучокот за полнење.) (контролирајте и планирајте го полнењето на Вашиот автомобил, да ја загреете и разладите кабината).


ПОГОН

1 / 4
БЕЗКОМПРОМИСНИ ПЕРФОРМАНСИ

PEUGEOT Partner и PEUGEOT e-Partner имаат придобивки од EMP2 модуларната мулти-енергетска платформаi (EMP2: Ефикасна модуларна платформа) која овозможува бескомпромисен избор помеѓу дизел или електрични погонски единици. Со својата оптимизирана архитектура, новиот PEUGEOT e-Partner нуди идентичен простор за товарење и иста позиција на возење како верзиите со дизел мотор.

1 / 5
ОПСЕГ И ПОЛНЕЊЕ

Батеријата кај PEUGEOT e-Partner овозможува да поминете 275 km (WLTP) (Проценетите вредности дадени само како индикација и се предмет на очекувана потврда од WLTP.). Овозможува попрецизни и пореални вредности на опсегот на возење при вистинска употреба на возилото (Опсегот на WLTP е исто така дефиниран врз основа на приближно половина носивост.).


SURROUND REAR VISION: НЕМА ПОВЕЌЕ СЛЕПИ ТОЧКИ

Surround Rear Vision го прави возењето полесно и побезбедно и овозможува поголема прегледност. Оваа функција овозможува на екранот, кој се наоѓа на местото на централниот внатрешен ретровизор на ветробранското стакло, со помош на двете камери, да се следи околината околу Вашето возило, без разлика дали задните врати од возилото се без прозорци или возилото има целосна преграда. Овој систем има 3 типа на прегледност:

• Камерата поставена во ретровизорот пренесува слики од совозачката страна на возилото, со тоа ги намалува слепите точки и ја подобрува видливоста.
• Прегледност позади, покажувајќи ја средната оддалеченост од задниот дел на возилото
• Приказ од камера за возење наназад за подобра прегледност на задниот дел и полесно маневрирање со прикажување на ширината на Вашето возило со отворени ретровизори, растојанието од 30 cm, 1m и 2m од браникот, радиусот на вртење на Вашето возило кој зависи од положбата на управувачот и димензиите за отворање на задната врата.

ОСТАНАТЕ ПОВРЗАНИ

Останете поврзани преку голем 8“ екран на допир во боја (кој доаѓа со USB приклучоци и Bluetooth® поврзување) на кој може да ја следите содржината од Вашиот паметен телефон преку функцијата Mirror Screen (Само сертифицираните апликации Android Auto ™ и Apple CarPlay ™ ќе функционираат кога возилото е во мирување или за време на возењето, во зависност од случајот. Кога возите, некои опции на апликацијата ќе бидат оневозможени. Некои видови содржини кои може да се користат бесплатно на Вашиот паметен телефон, бараат претплата на одредена апликација Android Auto ™ или Apple CarPlay ™. Функцијата MirrorScreen може да функционира преку Android Auto™ (за Аndroid паметни телефони) или Apple CarPlay™ (за iOS паметни телефони) под услов да имате мобилен и Интернет Договор.).

Бидете водени од PEUGEOT поврзаната 3D навигацијата со препознавање на глас ги зема во предвис и информации за сообраќајот во реално време и ризичните зони преку услугите TomTom. За да се подобри безбедноста на возачот, поврзаната навигација доаѓа и со PEUGEOT Connect SOS и Assistancei (PEUGEOT Connect SOS активира предупредување во случај на несреќа, го геолоцира возилото и ги контактира службите за итна помош доколку е потребно. PEUGEOT Assistance му овозможува да контактира со PEUGEOT Assistance кој испраќа возило за помош според добиените информации (геолоцирање, број на шасија, километража, механички предупредувања добиени од внатрешниот компјутер).).

1 / 2
ДИЗАЈН

Бидејќи да се поседува комерцијално возило е голема предност во однос на мобилноста и имиџот, посебното внимание што се посветува на стилот, удобноста во возилото и леснотијата на користење на PEUGEOT PARTNER го подобрува статусот на професионалецот, а истовремено му нуди ново искуство.

PEUGEOT PARTNER има робустен преден дел со вертикална решетка и префинета оптика, пократок, хоризонтален капак на мотор, повисок среден дел и пократок испуст. Посебно внимание е посветно на акустичниот комфор за да долгите патувања се навистина уживање.

1 / 5
PEUGEOT i-COCKPIT®

ОЧИ: Head-up дисплејот кој е на видно поле на возачот овозможува да ги прочита важните информации без да го погледот од патот за поголема безбедност и удобност.

РАЦЕ: Сè е лесно достапно за да се овозможи поголема концентрација и динамично и интуитивно возење благодарение на двојно рамниот управувач. Head-up дисплејот кој е на видно поле на возачот овозможува да ги прочита важните информации без да го погледот од патот за поголема безбедност и удобност. 8” екран на допир во центарот на контрлната табла и свртен кон возачот овозможува директен пристап до главните функции: радио, навигација, поставките за возилот, телефон.

СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ

Без разлика на Вашиот бизнис сектор, големината на компанијата и бројот на возила во возниот парк, сите наши експерти на прво место го ставаат Вашето задоволство. Контактирајте нѐ за да ги дознаете достапните опции.

Мала флота (1-20 возила)
Голема флота (+20 возила)