Peugeot 108 e компактен градски автомобил кој се карактеризира со елегантен и шик дизајн. Неговиот изразен поглед, истакнати линии, голем број на функции за персонализација, како и опрема од врвна технологија, го претставуваат личниот идентитет на овој градски автомобил, било да се работи за возило со стандарден или покрив кој се отвора.
Peugeot 108 е комбинација на висока мода и шик дизајн. Ова е вистински градски автомобил со префинет изглед, а каросеријата со истакнати, динамични линии привлекува сечие внимание уште на прв поглед.
Peugeot 108 со 8 различни бои, 7 различни теми, како и различни ентериери, Ви нуди бројни можности со цел да оставите свој личен печат на Вашето возило и на тој начин да ги исполните Вашите желби!
Peugeot 108 TOP! Има платнен покрив кој се отвора, со големи димензии, па така можете да уживате во возењето на еден сосема поинаков начин.
Секој може да го креира својот PEUGEOT 108!
Peugeot 108 нуди седум теми на персонализација, па така е лесно да го изберете оној кој е наменет за Вас. Темите го персонализираат екстериерот, контролната табла, вратите, капаците на ретровизорите, патосниците, па и приврзокот на клучевите за да го комплетира единствениот и ексклузивен дизајн. На Вас останува само да го дефинирате дизајнот така што, со 108 TOP можете да изберете и различна боја на покривот (црна, сива или Црвена Purple боја)!
Со сите овие детали, сигурно ќе се двоите од останатите возила во сообраќајот!