Новиот PEUGEOT Rifter има робустен и впечатлив дизајн. Неговата модерна внатрешност, технолошката опременост и модуларноста се повик да доживеете извонредно искуство.
Без никаков компромис во дизајнот. Новиот PEUGEOT RIFTER ја претставува елеганцијата, робустноста, агилноста и моќта, сè во едно возило. Со пократкиот и повисок капак на моторот, како и зголемениот клиренс, новиот RIFTER е прилагоден за сите видови патишта. Светлосниот потпис со предните светла и вертикалната решетка ја истакнуваат неговата впечатлива, компактна и динамична силуета.
Новиот PEUGEOT Rifter претставува горд наследник. Со карактеристичниот преден дел кои го имаа неколку претходни модели на PEUGEOT и впечатливите задни светла, новиот PEUGEOT Rifter се наметнува како сосема нова икона на брендот. Секогаш помодерната GT Line верзија изненадува со совршената комбинација на модерен дизајн и елеганција.
PEUGEOT i-COCKPIT®, ВЕ ПОВИКУВА НА НОВИ ДОЖИВУВАЊА
Со PEUGEOT i-Cockpit®, ќе откриете поагилно и поинтуитивно возење со компактниот управувач, head-up дисплејот и 8” екран на допирi. Задржете ја контролата над возилото со удобната положба за возење и напредниот Grip Contoli кој ја подобрува управливоста.
МОТОРИ СПРЕМИ НА АКЦИЈА
Уживајте уште повеќе во возењето. Новиот PEUGEOT Rifter се одликува со ниска потрошувачка благодарение на иновативните дизел и бензински мотори, како и новиот автоматски EAT8 со осум степени на пренос.